11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Панова: ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи сите што нема бидат примени во државна да може да отидат во приватна болница

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, реагира на, како што вели, неспособноста на Филипче и Заев, која резултира со над 144.000 заразени и над 4.300 починати од Ковид-19.

„Илјадници наши сограѓани мораа да се лечат во приватни болници за што беа принудени да платат и до 15 илјади евра, некои ги даваа последните пари, некои подигаа кредити, а некои собираа донации. Власта сите ги втурна во сиромаштија. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ во наредните денови ќе предложи дополнување на Законот за здравствената заштита, со што ќе се предвиди рефундирање на разликата во цената помеѓу приватното и државното здравство на граѓаните што се лекувале од Ковид-19 во приватните болници“, истакна Панова.

Дополнително, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи сите што нема да може да бидат примени во државна установа да може да отидат во приватна болница, каде што ќе бидат лекувани за цени исти како и во државното здравство.

„Државата мора да биде во служба на народот. Никој не смее да трпи и страда затоа што власта е неспособна“, рече Панова.

Таа објасни дека со дополнувањата на Законот за здравствената заштита, ВМРО-ДПМНЕ ќе предвиди граѓаните со хронични и други болести, кои повеќе од 60 дена се на листа на чекање за некоја операција или друга здравствена, дијагностичка и интервентна услуга во државното здравство, да може да отидат во приватна болница, а услугата да ја платат по цена како во државното здравство.

„Македонија мора да биде земја што ќе се грижи за своите граѓани“, рече Панова.

Спонзорирано: