Вкупно 190 возачи во Скопје биле казнети за сторени сообраќајни прекршоци.
22 возачи добиле казна за возење над дозволената брзина, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила, 22 за возење без возачка дозвола.
Бонус видео:
Изречени се 17 санкции за користење мобилен телефон, шест за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, седум за некористење сигурносен појас, две за недавање првенство на минување на пешаци и 48 санкции за непрописно паркирани возила, информираат од МВР.
Од таму додаваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.


