24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Џонсон Мети и годинава, по трет пат, е партнер – компанија на европскиот БЕСТ инженерски студентски натпревар во категоријата Team Design.

Фокусот на партнерството лежи во изнаоѓање инвентивно инженерско решение за реален проблем, притоа ангажирање на студенти и нивно соочување со практични предизвици. Целта е да им се даде можност на идните вработени да го продлабочуваат своето секојдневно знаење и да создаваат врски со компаниите во рана фаза. Со овој проект, Џонсон Мети и БЕСТ инвестираат во иднината на вработувањето.

Инженерите во Џонсон Мети претставија предизвик што треба да го надминат тимовите кои се натпреваруваат во категоријата Тимски дизајн. Задачата беше да се реши практичен проблем со дизајнирање, креирање и презентирање на прототипско решение во ограничена временска рамка и со ограничени ресурси.

Оваа година, најдобро решение за проблемот поставен од инженерите во компанијата Џонсон Мети најде тимот Cyber Cloud. „На наше огромно задоволство, на нашиот понуден проблем најдобро решение понуди тимот Cyber Cloud кој се состоеше од четири девојки, идни жени инженери и се надеваме дека еден ден ќе станат и наши колешки. Тие многу вешто пристапија кон решавање на овој проблем каде што врвен приоритет, пред се, им беше безбедноста и здравјето на вработените и на работната средина. Ние сме целосно посветени на студентите и затоа, трета година по ред, сме партнер – компанија на БЕСТ инженерскиот натпревар. Продолжуваме да вложуваме во новите генерации и во нивните знаења и вештини!“, велат од Џонсон Мети.

Студентите учествуваа во решавање практичен проблем со дизајнирање, креирање и презентирање на прототип решение во ограничено време и со ограничени материјали. Џонсон Мети формира и поставува прашање на овој студентски БЕСТ инженерски натпревар, преку кој директно се поврзува со студентите. Исто така, Џонсон Мети учествува со свои инженери во жири комисијата која го бира победничкиот тим. Од друга страна, студентите добиваат шанса да ги покажат своите инженерски вештини во разни области при решавање на проблемот.

Дополнително оваа година, партнер компаниите имаа можност преку своите избрани претставници – експерти во одредена инженерска област, да зборуваат за одредена актуелна тема од светот на инженерството пред студентите.

„Toa што БЕСТ Скопје го цени најмногу при организација на EBEC е поддршката од нашите локални партнер компании. Ова е еден од многуте начини да ги приближиме нашите студенти -врсници со компаниите, без разлика дали сакаат да се натпреваруваат или да бидат дел од организацијата на настан од овој размер. Како и сé друго во БЕСТ, EBEC е организиран од студенти за студенти. Овој натпревар е од огромна важност за локалната БЕСТ група во Скопје затоа што претставува соработка со локални групи низ цела Европа. Победниците од секоја категорија продолжуваат на регионално ниво, каде имаат шанса да се натпреваруваат за место во европската рунда“, вели Петар Танески од БЕСТ.

БЕСТ Скопје е организатор на локалната рунда на (EBEC – European BEST Engineering Competition) по 12-ти пат. Победниците продолжуваат на регионално ниво, преку кое може да се пласираат во фина лната рунда на EBEC Европа. Според Танески, натпреварувачите имаат можност да се запознаат со студенти од техничките факултети низ цела Европа и истовремено да се натпреваруваат со нив, решавајќи нови проблеми зададени од реномирани партнер компании познати на глобалниот пазар.