16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Костовски: Заев за една година исплатил 350 илјади евра за хонорарци, а можел да купи 7 болнички возила

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски на прес-конференција обвини дека премиерот Зоран Заев за една година исплатил 350 илјади евра за хонорарци, а можел, како што вели, да купи 7 болнички возила.

„ Овие 350 илјади евра да се потрошеа на болнички возила, можеби ќе можеше едно од нив да го спаси животот на овчарот од кратовско, кој почина во болница, откако претходно 5 часа доктор на раце го носеше за да го спаси, затоа што немаше болничко возило кое можеше да го земе.

Овие 350 илјади евра наместо за хонорарци на Заев можеа да се потрошат за вработување на медицински персонал, па можеби ќе имаше кој да и даде кислород на жената што почина во штипската болница, затоа што немаше кој да и даде кислород“ истакна Костовски.

Според него, со тие пари можеле да се набават десетина илјади вакцини, но наместо за тоа се потрошиле за исплати кон синот на Самка Ибраимоски, претседателот на СДММ Марко Михаилоски, независниот колумнист Петрит Сарачини и други апологети на Заев.

„ Со 350 илјади евра власта можеше да набави десетина илјади теста за Ковид, таблети и разни терапии, но наместо за лечење и спасување на човечки животи, 350 илјади евра во ек на пандемија беа потрошени за згрижување на коалициони партнери, функционери од партијата, нивни роднини, и таканаречените независни колумнисти“ рече тој.

Исто така нагласи дека со тие 350 илјади евра можело да се спасат стотици животи, но Заев одбрал да ги дава за хонорарци, негови партиски активисти, коалициони партнери и дежурни фалбаџии во медиумите.

Спонзорирано: