Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Објавен оглас за автори на материјали за учење за прво одделение

Бирото за развој на образованието објави оглас за автори/авторски тимови за изработка на материјали за учење во согласност со наставните програми за прво одделение на новото деветгодишното основно образование.

Од авторите се очекува да имаат искуство во пишување учебници, материјали за учење наставни и дидактички материјали и способност да ги преточат содржините, поимите и активностите од наставните програми за прво одделение во креативни и примамливи материјали за учење соодветни на возраста на учениците сѐ со цел да се постигнат резултатите од учењето определени во секоја тема од наставните програми.

Како што се наведува од Бирото, сите содржини во материјалите за учење да ги базираат на современи, научно засновани и релевантни сознанија, а сите примери и активности да бидат креирани на начин да бидат интересни за учениците и да се во релација со нивните искуства.

Носител на процесот е Бирото за развој на образованието, кое ќе дава насоки за да се обезбеди унифициран стил и квалитет на материјалите за образување нови отворени, компетентни и демократски генерации.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА САМКА ИБРАИМОВСКИ – Поранешниот пратеник и министер имаше 72 години

ДЕСК

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК