21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 76 пациенти, а вкупно се лекуваaт 725 болни, сомнителени и потврдени за КОВИД -19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 76 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 725 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 34 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 17 примени пациенти и 8 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 5 нови болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 6 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 62 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти. На Клиниката за детски болести има 16 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 8 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 58 болни.

Вкупно 725 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 65 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.