Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ “распали” до Мисајловски: МВР јавно соопшти дека токму Мицкоски имал контакти со еден од приведените во полициската акција „Двојник“, затоа е голема нервозата во ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на СДСМ на прес-конференција на Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ:

ВМРО-ДПМНЕ со ништо не може да го сокрие фактот дека токму нивниот Христијан Мицкоски се обиде да саботира важна, сложена полициска акција „Двојник“ преку пласирање информации додека тече истрагата.

Ништо не може да го сокрие фактот дека Мицкоски е на страната на криминалот, на спротивната страна од полицијата, од правдата и законите.

Мицкоски уште еднаш потфрли во намерите да ги одбрани криминалците и затоа денеска голема е нервозата во белиот дворец, голема е нервозата кај неговите соработници.

Навремената и соодветна акција на МВР ги осуети намерите на Мицкоски за саботирање на акцијата, но сега независна и транспарентна истрага треба да даде договори заради какви мотиви и интереси Мицкоски што се обидел да ја саботира оваа акција на полицијата?

Зошто Мицкоски бранел криминалци и дали има ли некакви должничко доверителски односи со нив?

Ова е особено важно откако и самото Министерство за внатрешни работи јавно соопшти дека еден од приведените во оваа акција „имал контакти“ и бил „во тесна врска“ токму со Мицкоски.

На Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба конечно да им стане јасно дека заврши времето на недопирливи. Нема компромис со криминалот, секој што прекршил закон мора да се соочи и се соочува со одговорност.

Можеби ќе ве интересира

СО ДРОНОВИ ЌЕ СЕ БАРААТ КРАВИТЕ ВО КРИВА ПАЛАНКА – Следната недела почнува спроведувањето на акцискиот план

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Талогот на СДС може мирно за спие, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува конкретни мерки за младите, и за вработување и за стекнување на свој дом

ДЕСК

НОВИ ПРАВИЛА ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ОД 1 ДЕКЕМВРИ – За отсуство подолго од пет дена ќе биде потребен специјалистички извештај

ДЕСК