9 C
Скопје
23. април 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Приведени двајца дилери, пронајдена дрога

На 07.04.2021 година во 19.15 часот на подрачје на Полициското одделение Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена наредба, извршија претрес во домот на Н.Д.(54) од Скопје, при што пронајдени се 255 пакетчиња марихуана подготвена за продажба, како и марихуана која не била спакувана и дигитална вага на која имало остатоци од марихуана.

Од слобода се лишени Н.Д. и неговиот син Т.Д.(31). По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.