Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Спасовски: За политички поен ВМРО ДПМНЕ застана против државата и граѓаните и ја издаде акцијата на МВР

„Кој сакаше да направи саботажа? Ова е истрага започната одамна, во неа се вклучиле странски организации, се вклучил Интерпол. Во еден момент некој излегува во јавноста со брифинг и ја открива акцијата и јас не можам да заклучам друго освен дека тоа е саботажа. За да освои политички поен ВМРО ДПМНЕ ја издаде акцијата, значи работи против државата и граѓаните.“- коментираше Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, во „Утрински брифинг“

Објасни дека акцијата траела подолго време за да може да се открие целиот круг фалсификатори.

„Сакавме да видиме кој зема пасоши, каде ги користат, каде патуваат. Внатре во МВР кругот сега е затворен, сега ќе има проширување на истрагата.“- дополни Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Владата за референдумот за ЕУ: Да не трошиме време и пари на граѓаните

ДЕСК

Од денеска со Б категорија може да се управува мотоцикл до 125 cm³, но само со задолжителна четири часовна претходно помината теоретска обука

ДЕСК

Јаневска: циркуларната економија нуди одговор на бројни општествени и глобални предизвици, се заложуваме за проширување на концептот преку образовните установи

ДЕСК