24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Фалсификаторите наплаќале и по 20 000 евра за пасош

Сумите за еден фалсификуван пасош се движат и до 20 000 евра. Претходно, пред оваа за пасошите, имавме акција, во која исто така осум колеги беа приведени за фалсификување возачки дозволи за кои наплаќале од 1 500 до 2 000 евра.“- изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервјуто на „Утрински брифинг“.

Посочи дека сите од групата кога се вработувале во МВР биле проверени и биле чисти.

„Сите оние кои се вработуваат во МВР мора да поминат и низ безбедносна проверка, значи да нема ризик. Тие аспекти се почитуваат секогаш, не можеме да ставиме забелешка дека некој од нив немал документ. Но, што потоа се случува во текот на вработувањето е друго прашање. Инаку, имало посредник за пасошите. Во секоја криминална структура мора да има еден шеф, затоа и оваа група има еден таков човек. Имаме и повисоки чинови меѓу приведените. Службите, преку во оваа акција, се исчистени, но во секој систем постои ризик да има криминал.“- дополни Спасовски.