13 C
Скопје
18. април 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Бизнис

Четврта година по ред, Безос е најбогат во светот со 177 милијарди долари

Годишната листа на милијардери на „Форбс“ вклучува рекордни 2.755 лица (660 повеќе од минатата година), а е предводена од основачот на интернет-страницата „Амазон“, Џеф Безос (57), кој веќе четврта година е официјално најбогатиот човек на светот.

Богатството на Безос се проценува на 177 милијарди долари, што е далеку пред конкуренцијата, пренесува „Дејли мејл“.

Луѓето кои имаат повеќе од милијарда долари имаат вкупно 13,1 трилиони долари, што значи дека заработиле пет милијарди за време на пандемијата на коронавирус, бидејќи нивното богатство вредело осум билиони долари на минатогодишната листа.

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск (49) се искачи од 31. место на второто и неговото богатство се проценува на 151 милијарда долари.

Бернард Арно (72), извршен директор на ЛВМХ (150 милијарди), Бил Гејтс (65), основач на „Мајкрософт“ (124 милијарди) и 36-годишниот сопственик на „Фејсбук“, Марк Закерберг (97 милијарди), исто така се во првите пет најбогатите луѓе во светот.

Меѓу милијардерите е и Ким Кардашијан, која од октомври до денес напредуваше за 220 милиони долари и ја премина бројката од една милијарда долари.

Повеќе од половина од светското богатство е во рацете на првите 20 милијардери на листата, и изнесува 2,1 милијарда долари.

Повеќето милијардери се од САД, 724, потоа следуваат оние од Кина, 698, каде што спаѓаат и богатите луѓе од Хонгконг и Макао.