10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Почина овчарот од Кратово кој Итната помош на раце го извлекуваше од планина

Почина 63-годишниот овчар, кој беше една недела во кома по претрпен мозочен удар, за кого јавноста дозна откако лекарот од кратовската Итна помош на Фејсбук објави дека неколку часа го носеле во импровизирана носилка од бачилото во кратовските планини до возилото за Итна помош кое не можело да стигне поради непристапен терен.

Информацијата за смртта на овчарот за Телма ја потврдија од штипската болница.

Откако лекарот ги објави информацијата и фотографиите од спасувањето на Фејсбук, напиша и дека ниту една институција не испратила соодветно возило или помош за да се обезбеди побрз транспорт.

Спонзорирано: