Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

133 ресторани за свадби ги исполниле условите за грантови

Владата на денешната седница го разгледа и го усвои извештајот за реализација на Програмата за поддршка на угостителскиот сектор во рамките на економските пакети за поддршка за справување со последиците од ковид-кризата, која се реализира во периодот ноември и декември 2020 година со буџет од 60.000.000,00 денари.

Според информацијата, заклучно со 4.12.2020 година, до Министерството за економија преку платформата www.domasiedoma.gov.mk пристигнале вкупно 238 апликации за грантови за ресторани за свадби, од кои 133 ги исполниле условите од јавниот повик и биле искористени средства во износ од 55.740.000,00 денари.

Со оваа програма беа опфатени и игротеките со вкупен буџет од 153.000.000,00 денари. На јавниот повик за поддршка на игротеките пристигнаа вкупно 119, од кои 81 ги исполнија условите и беа искористени средства во износ од 13.710.000,00 денари.

Можеби ќе ве интересира

Кривични пријави за „измама“ и „давање лажен исказ“, изготвиле фактури иако знаеле дека договорите за превоз на ученици во Тетово биле истечени

ДЕСК

Европска недела на сообраќајни контроли: МВР со интензивни проверки низ државата

ДЕСК

Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК