24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Еден натпревар две главни премии – “Двојна шанса за Peugeot 3008” во Sport Life

Новиот натпревар на Sport Life –„Двојна шанса за Peugeot 3008”, на типувачите ќе им донесе две главни премии. Кои ќе бидат играчите коишто ќе ги возат двете  СУВ возила од марката Пежо 3008, ќе видиме на крајот од натпреварот кој ќе се одвива од 26-ти март до 29-ти мај.

Главните премии се наменети за двајцата најдобри типувачи. Едното возило ќе го освои играчот со погоден најголем вкупен коефициент на тикет со натпревари од посебната акциска понуда, а другото возило е за играчот кој исто така ќе има најголем погоден вкупен коефициент, но од тикетите со еден промашен пар.

Оттука, играчите на Sport Life сега имаат двојна шанса за освојување на главната премија. Со погоден или со „промашен“ тикет можат да се натпреваруваат и да освојат нов СУВ – Пежо 3008.

Сè што е потребно е да се зачленети во СЛ клубот и да одиграат најмалку 4 натпревари од акциската понуда која ќе биде посебно означена под „Двојна шанса“ во билтенот и на вебсајтот на Sport Life . Минималната уплата на тикет е 20 денари, а максималната исплата на тикет е 10.000.000 денари. Притоа, важат само несистемските тикети, односно тикетите со една комбинација. Со тикетите од овој натпревар (со натпреварите од посебната акциска понуда)  се добиваат и поени за Типстер купот и право на другите програми на СЛ клубот, како Втора кеш шанса, Поени за СЛ Маркет и Поени за лојалност.

За сите подетални информации за натпреварот може да се информирате на следниот ЛИНК и на вебсајтот на Sport Life, каде што ќе биде истакната редовно  ранг-листата на најдобрите натпреварувачи.