Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тројца косовци уапсени откако го прекршиле полицискиот час на автопатот Гевгелија – Скопје

На 31.03.2021 во 22.15 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, кај место викано „Тунели“, полициски службеници сопреле патничко возило „цитроен“, со косовски национални ознаки, во кое се превезувале Д.Б.(46), Д.Д.(43) и М.Ф.(40), сите од Косово и тие биле лишени од слобода, бидејќи за време на забрана за движење се движеле без дозвола или претходна најава, поради што постојат основи на сомнение дека сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 од Кривичен законик. За настанот е запознаен Јавен обвинител, а лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Неготино за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖД И СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ ВО МАКЕДОНИЈА – Еве какво време нè очекува денеска, температури до 18 степени

ДЕСК

Економските реформи и европската интеграција во фокусот на средбата со полскиот амбасадор

ДЕСК

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

ДЕСК