Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев: Генерал Јанкович и целиот тим на канцеларијата на НАТО во Скопје своите професионални обврски ги извршуваа како вистински пријатели на Северна Македонија и ја крунисаа својата мисија со членството на земјата во алијансата

Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев го прими генералот Зоран Јанкович, шефот на НАТО канцеларијата во Скопје во проштална посета.

Двајцата соговорници на средбата изразија задоволство од работата на НАТО канцеларијата во Скопје која ја заврши својата успешно својата мисија која имаше за цел да ја пружи неопходната поддршка на процесите во земјата со полноправното членство на Република Северна Македонија во алијансата.

Премиерот Заев се заблагодари за одличната соработка со генерал Јанкович и со целиот тим на канцеларијата на НАТО кои своите професионални обврски ги извршуваа како вистински пријатели на Северна Македонија, а на Генералот Јанкович му изрази посебна благодарност за поддршката, му порача дека Република Северна Македонија може да ја смета за своја втора татковина, и му посака плодна и понатамошна успешна кариера.

Генералот Зоран Јанкович се заблагодари на досегашната работа, и истакна дека членството во НАТО е резултат на работата на оваа Влада, и дека е горд што беше дел од овој процес.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Ние сме една од првите влади во Европа која оди со намалување на даноците за бензините, но враќаме и 2.5 милијарди евра стари долгови

ДЕСК

Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, четири од нив возеле без дозвола, по еден со активна забрана и под дејство на алкохол, а еден под дејство на алкохол и со активна забрана

ДЕСК

Поднесено обвинение за тешка кражба на кабли од кругот на скопска „Железара“

ДЕСК