Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Студентите што користат бесплатен јавен превоз од 1 април мора да имаат заверен билет

Почнувајќи од утре, четврток (1 април), сите студенти што ги исполнуваат условите за користење годишен студентски билет за бесплатен јавен превоз треба да поседуваат уредно заверен (продолжен) билет за 2021 година.

„Во спротивно, во случај на линиска контрола, ќе им биде издаден записник за казна. Во замена на билет не се признаваат индекс, потврда за студент и слично“, информираат од ЈСП, од каде што додаваат дека денеска (31 март) истекува рокот за продолжување на важноста на посочениот тип на билет.

Од ЈСП потсетуваат и дека поради актуелната ситуација со Ковид-19, им излегле во пресрет на студентите и нивните матични факултети и овозможиле речиси 5 месеци за продолжување на билетот.

Можеби ќе ве интересира

Економските реформи и европската интеграција во фокусот на средбата со полскиот амбасадор

ДЕСК

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

ДЕСК

Беким Сали од Даблин: Наследството на Охридскиот договор треба да се одразува во секојдневниот живот на граѓаните

ДЕСК