Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не го честитаа приемот на Северна Македонија во НАТО, а не ја честитаа ниту првата годишнина, наведе Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во соопштение.
СДСМ тврди дека Мицкоски постојано е на спротивната страна, а како примери покрај честитката за НАТО, ја посочува и пандемијата, како и блокада на работата во Собранието.
Во продолжението целото соопштение на СДСМ.
„Христијан Мицкоски постојано е на погрешната страна, на спротивната страна од интересите на граѓаните, било тоа кога се работи за здравјето на граѓаните или за државните интереси.
Мицкоски постојано ја поткопува борбата против пандемијата и работи против здравствениот систем, тој беше прв кој ги кршеше мерките за заштита од коронавирусот, а неговата ВМРО-ДПМНЕ и денес ги злоупотребува заболените и починатите од КОВИД 19, организира масовни собори каде не се почитуваат никакви протоколи.
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не го честитаа приемот на Северна Македонија во НАТО, а не ја честитаа ниту првата годишнина од членството на нашата земја во најголемиоти најмоќен воено-безбедносен сојуз, наведе Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во соопштение.
Во меѓувреме, целата јавност гледа како ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите опозициски партии ја блокира работата на Собранието и кочи важни законски решенија во интерес на граѓаните и државата.
Токму заради неговото незрело, неодговорно и несериозно однесување, Мицкоски доживеа серија порази од граѓаните.
Продолжувањето на деструкцијата само покажува дека Мицковски нема чувство за државен интерес, за интерес на граѓаните, туку дека тој се води од личните и партиските интереси.
Неговите деструкции беа поразени и тоа ќе се случува и понатаму“, наведе СДСМ.