Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Добра вест: Од полноќ пониски цени на дизелот и бензините

Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука да изврши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати, во однос на цените одредени минатата недела.

Со оваа одлука, малопродажните цени на бензините и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1 денар по литар, додека пак цената на дизелот се намалува за 1,50 денар.

Така, од вечерва на полноќ литар ЕУРОСУПЕР БС- 95 ќе се продава за 66 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 68 денари, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 55 денари по литар.

Намалување има и кај цените на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и мазутот, кои од полноќ ќе можат да се купат за 44,50 денари по литар, односно 34,426 денари за килограм.

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средба со претставници на Светска банка: Потврдена поддршката за реформите и развојните приоритети на државата

ДЕСК

ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката

ДЕСК

Авиосообраќајот расте: македонските аеродроми со 30 проценти повеќе патници

C +