Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Реркодни бројки на новозаразени и починати од коронавирус во Македонија – Пандемијата никако да стивне

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје објавени вчера, биле направени 5.057 тестирања, а регистрирани се 1.299 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 672, Прилеп – 70, Куманово – 62, Битола – 47, Велес – 44, Охрид – 43, Кавадарци – 38, Неготино – 36, Гостивар – 34, Тетово – 32, Струмица – 30, Кочани – 21, Штип -20, Кичево – 18, Гевгелија – 17, Свети Николе – 16, Радовиш – 13, Ресен – 12, Струга – 11, Валандово – 9, Берово – 8, Крива Паланка и Богданци – по 7, Пробиштип – 6, Делчево и Македонски Брод – по 5, Виница и Крушево – по 4, Демир Хисар и Дојран – по 3, Дебар и Кратово – по 1 .

Регистрирани се 413 оздравени пациенти од:

Кавадарци – 113, Скопје – 67, Неготино – 62, Прилеп – 36, Куманово – 21, Велес – 18, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Кочани – 11, Гостивар и Гевгелија – по 9, Демир Капија – 5, Свети Николе и Делчево – по 3, Ресен, Валандово, Богданци и Кратово – по 2, Радовиш, Пробиштип, Виница и Демир Хисар – по 1.

Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 35 – 82 години и тоа: 7 пациенти од Скопје, од Кавадарци – 5, од Прилеп – 4, од Гевгелија – 2, и по едно починато лице се регистрира од Тетово, Велес, Кочани, Кичево, Ресен и Радовиш. Сите пријавени се починати во болнички услови.

Направени се 5.057 тестови преку: ИЈЗ-1233, ЦЈЗ Скопје-93, ЦЈЗ Битола-81, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-73, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија–9, ГОБ 8-ми Септември-0, Жан Митрев (Филип Втори)-177, Авицена-402, Биотек-453, Систина-327, лабораторија Лаор–455, Синлаб-156, Ремедика-40, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.536.

Досега во земјата се направени вкупно 587.546 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 118.736, бројката на оздравени пациенти е 100.250, на починати е 3.448, а бројот на активни случаи изнесува 15.038.

Можеби ќе ве интересира

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

C +

Инцидент во скопско село: Закани со огнено оружје по конфликт за паркинг

ДЕСК

Предновогодишна тепачка во угостителски објект во Скопје

ДЕСК