14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Здружението на медицински сестри повикува масовно да се потпише петицијата за родилката од Дебар

Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС) јавно ги осудува, како што велат од таму, сите обиди за манипулација при разрешување на случајот со родилката од Дебар, а воедно и нивна колешка и член на здружението, сестра Јилдиз Веапоска.

„Унијата на ЗМСТАС ги повикува сите членови и хумани луѓе јавно да ја дадат својата поддршка преку потпишување на петицијата и да побараат решавање на целиот случај“, се наведува во соопштението.

Од Здружениеот апелираат до надлежните овој случај да го решат што поскоро, во име на хуманоста, но и во име на здравствените работници, односно медицинските сестри кои, како што велат, се незаменлива алка во здравствениот систем.

„Сестра Веапоска по траумите кои и беа предизвикани при породувањето во струшката болница побара наша поддршка и реакција која секако ја добива како наш член, наша колешка, но и како жена и мајка која заслужува правдата да излезе на виделина. За жал предизвиканата штета е непоправлива, но овој случај мора да има транспарентен крај“, реагираат од извршниот одбор на Унијата ЗМСТАС.

Во јавноста деновиве се појави онлајн петиција чија цел е како, што се вели, правда за Јилдиз Веапоска и кривична казна за Мухамед Асани.

Гинекологот Мухамед Асани во изјавата за операцијата го згрешил полот на бебето што со царски рез го родила Веапоска, која по породувањето, дома си замина без бубрег, јајчник и матка, а Лекарската комора не најде лекарска грешка во нејзиното лекување.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.