Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нема крај на студеното време – УХМР најавува нов влажен бран

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди, а претежно на планините повремено ќе провејува снег. Утринските температури до петок во најголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег се очекува од сабота.

Прогноза за 19.03.2021
Минимална температура: -7°C до 0°C
Максимална температура: 6°C до 14°C
Умерено до значително облачно. На планините и на повисоките места повремено ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Прогноза за 20.03.2021
Минимална температура: -2°C до 3°C
Максимална температура: 5°C до 11°C
Претежно облачно со врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 21.03.2021
Минимална температура: 2°C до 6°C
Максимална температура: 6°C до 11°C
Претежно облачно со врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Можеби ќе ве интересира

Димитријевиќ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со 5 тони дрога

C +

Обвинителството континуирано презема дејствија поврзани со запленетата марихуана

C +

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

C +