Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Деветмина скопјани ќе добијат казни од по 2.000 евра за прекршување на полицискиот час

Скопското основно јавно обвинителство до надлежниот суд поднесе предлози за казни против вкупно девет лица за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Обвинетите, во различни настани, во периодот од 10-14 март не го почитувале полицискиот час и се движеле на различни локации во градот.

Надлежните јавни обвинители за сите обвинети предложиле парични казни од по 2.000 евра во денарска противвредност (по 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра).​

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Техничката влада мора да остане, условите во општеството се како во 2016 година

C +

СДСМ: Со Мицкоски Македонија е во ранг со Сомалија, САД ја запре обработката на визи

C +

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

C +