Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Почина д-р Бранко Василевски

По кратко боледување денеска почина познатиот професор и експерт за максилофацијалната хирургија д-р Бранко Василевски. Во текот на својата академска кариера остварил исклучително плоден научен и стручен опус објавуван како во домашни, така и во угледни стручни странски научни списанија.

Д-р Бранко Василевски, како редовен професор на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје, целиот свој работен и животен век ги посвети на развојот на максилофацијалната хирургија, каде остави огромен придонес во македонското здравство.

Погребот ќе се одржи на 16 март 2021 година, во 13 часот, на гробиштата во Бутел.

Можеби ќе ве интересира

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

ДЕСК

Државата ќе одвои 1 милион евра за евакуација на затечените граѓани во Дубаи, Доха и Израел

ДЕСК