Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Затворени две скопски кафулиња- инспекцијата ги празнела локалите со асистенција на полицијата

Директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски за сдк.мк изјавил дека затворени се две познати скопски кафулиња, од кои едното кафуле се наоѓа во близина на Министерството за здравство и Клиничкиот центар и во моментот кога дошле инспекторите било толку полно што луѓе не можеле да се разминат.

Второто кафул е во населбата Капиштец и гостите биле затекнати како се забавуваат како во времето пред пандемијата, а затворен е и локал во Мавровка.

„Начекавме атмосфера на разиграни млади луѓе, гласна музика, со еден збор на големо кршење на ковид протоколите. Двете кафулињата ги празниме без асистенција на полиција. Ќе бидат затворени од 10 до 30 дена, ќе заработат парична казна од 5 200 евра, како и прекршочна пријава. Денеска затворивме и една игротека во која се славеше роденден со повеќе славеници“, вели Пауновски за сдк.мк.

Можеби ќе ве интересира

Со владиниот авион попладне ќе се евакуираат македонските граѓани од Израел, во следните денови следи и враќањето од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

C +

СДСМ нема да молчи: Оставка од Тошковски поради загубените животи!

C +

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК