Во рамки на презентирањето на новиот реновиран објект во касарната Илиндер, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на новинарско прашање одговори и за дисциплинската постапка врзана за офицерот, Драган Ковачки, но и препирките со него кои не стивнуваат.
„Да реагирав на Твитер, ќе кажев ем лажго, ем плачко. И навистина е срамно офицер во една Армија може да си дозволи да упатува закани кон било кого, а камо ли на началник на Генералштабот, односно првиот човек на Армијата. И особено кога тие закани го претставуваат Ковачки со вистинската слика, односно партиски војник. Да пишете долга е раката на ВМРО од еден старешна на друг старешина, би било срамно дури и на пониско ниво, а камо ли од еден полковник на генерал и началник. Она што е најинтересно е дека полковникот Ковачки, навистина има проблем да сфати дали ќе ја носи партиската униформа со која упатува закани, или ќе ја носи војничката униформа. Нему му беше ветена функција, која согласно законот не ќе можеше да ја врши, па оттаму го пуштија по вода. Сега повторно покажува дека не го познава законот. Воено дисциплинската комисија до мене даде предлог, Ковачки да го загуби чинот и работата и најверојатно во други држави тоа би требало да се случи. Меѓутоа таквата одлука сметав дека ќе му даде шанса на човекот кој една година глуми жртва, тоа да продолжи да го прави. Мислам дека најголемата осуда не се дисциплинските казни со пари, туку срамот, бидејќи ниту еден од офицерските принципи не го почитувал“, истакна Шекеринска.