20.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Со измислени скандали, ВМРО-ДПМНЕ сака да му наштети на здравствениот систем, криминалните шеми се заштитен знак на белиот дворец

Нема дно што ВМРО-ДПМНЕ нема да го пробие во неговите деструкции со кои сака да му наштети на здравствениот систем и да го нарушат јавното здравје, се вели во соопштение за јавност на СДСМ како реакција на прес-конференцијата на Миле Левков од ВМРО-ДПМНЕ:

Денешните обиди да му наштетат на процесот за набавка на вакцини преку објавување на лажни документи со лажни цени, се последниот доказ за деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски.

На ВМРО-ДПМНЕ прво им пречеше што наводно државата била спора со набавка на вакццините, а сега, во последните денови им пречи дека премногу сме брзале за да стигнат вакцини .

Нека одлучат во белиот дворец што им пречи, затоа што само блокираат и саботираат.

Криминални тендери, фатном фирми и шемите од Белизе се заштитниот знак на ВМРО-ДПМНЕ, партија која и денес е заглавена во криминално-режимската матрица и затоа постојано губи од граѓаните, велат од СДСМ.