Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Груби: Да не сакав да оддадам почит немаше да бидам во делегацијата

Првиот вицепремиер Артан Груби за Плусинфо вели дека тенденциозни се информациите дека не оддал почит на Тигрите, но сепак не даде одговор зошто не се поклони пред спомен плочата на загинатите припадници на „Тигар“.

– Тенденциозни се известувањата. Да не сакав да оддадам почит немаше да прифатам да бидам дел од делегацијата. Тука сум затоа што е време за помирување кога веќе одбележуваме 20 години од конфликтот и од Охридскиот рамковен договор – изјави Груби за Плусинфо.

Од преносот кој се емитуваше во живо, впечатливо е дека Груби не се поклони пред плочата на загинатите припадници на ЕСЗ Тигар. Тој беше дел од делегацијата со Премиерот Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за здравство Венко Филипче кои оддадоа почит.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за обид за убиство и загрозување на сигурноста на сопругата

C +

Шукова: Крвави ви се рацете, оставка од Тошковски за загубените животи

C +

Средба на директорот на Царина, Николовски, со генералниот директор на СЕЛЕК: Борбата со транснационалниот организиран криминал во фокус на соработката

C +