Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владата вечерва ќе ја оддржи 53-тата седница – Какви одлуки ќе бидат на дневен ред?

Владата на Република Северна Македонија вечерва ќе ја одржи 53-тата редовна седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На оваа седница Владата ќе ја разгледа информацијата за унапредување на процесот на фискална децентрализација што ќе ја презентира Министерот за финансии.

Пред министрите во Владата денеска ќе се најде и информацијата за доставување на ИПА III стратешкиот одговор и Акциските документи за 2021 до Европска Комисија, како и информацијата за подготовка на седумнаесеттиот состанок на Поткомитет за иновации, информатичко општество и социјална политика кој ќе се одржи на 23 март.

За донесените одлуки и заклучоци од седницата, која ќе се одржи преку видеоконференциска интернет врска и која ќе започне во 19:00 часот, јавноста ќе инфорираме дополнително.

Можеби ќе ве интересира

Од шверц до естетски интервенции: под истрага мрежа што го загрозувала здравјето на граѓаните

ДЕСК

ИЗМАМА ПРЕКУ ФЕЈСБУК: Лажно нудела станови, земала пари како капар

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА СО АКЦИЈА: Марихуана одземена во Кочани и Облешево

ДЕСК