Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Одбиена жалбата на Мијалков за одредениот притвор

Апелацискиот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на осудениот Сашо Мијалков во предметот „Таргет-Тврдина“ и го потврди решението за притвор.

„Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ -19/21 познат во јавноста под името ‘Таргет – Тврдина’ по одржана нејавна седница на ден 12.3.2021 година, донесе одлука со која жалбата на обвинетиот С.М. од С. изјавена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а првостепеното решение, со кое е укината мерката куќен притвор и определена мерка притвор како мерка за обезбедување присуство на обвинетиот, го потврди“, се наведува во соопштението на судот.

Одлуката ќе биде објавена во целост на веб-страницата на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Мијалков беше осуден на 12 години затворска казна за случајот Таргет-Тврдина. Судот одлучи да го прифати предлогот на обвинителката Ленче Ристоска, која побара ефективен наместо домашен притвор за Мијалков, до правосилноста на пресудата.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА – По ветровитиот вторник следуваат два постабилни дена, а потоа нови врнежи

ДЕСК

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

ДЕСК

Колумна на Даниел Станојовски: „МИТОТ ЗА НЕПОБЕДЛИВИТЕˮ

ДЕСК