Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Загина маж во сообраќајка во струмичко- МВР со детали

Маж загина во сообраќајка во струмичко, а Итната помош можела само да констатира смрт.

-На 10.03.2021 во 07.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат с.Дабиље –с.Петралинци, струмичко, во близина на крстосницата за с.Сарај, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „ман“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.В.(31) од с.Дабиље и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Д.(48) од с.Петралинци информираат од МВР.

На местото на незгодата починал возачот И.Д., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК