24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев за N1: Направивме многу за српската заедница и за односите со Србија, само со пријателство можеме напред

„Имаме навистина одлична сорбатка со Србија, таа соработка само расте, се развива и се унапредува. Се случуваат инвестиции меѓусебно меѓу двете земји, соработка на секое поле. Знаете дека пред неколку месеци ги променивме законите за да го вратиме повторно српскиот јазик како изборен јазик од трето до шесто одделение и тоа веќе е изборен јазик, веќе се прават подготовките да се воведе за учениците од шесто до осмо одделение. Како Влада сме главен покровител на одбележување на еден од најголемите празници на српскиот народ, а со тоа и на српската заедница, Свети Сава. Ова е за нас сериозен исчекор на пријателство, имаме определено веќе локација во Општина Центар близу до кејот на Вардар во Скопје, за нов српски културен центар којшто до крајот на годината ќе почне и да се гради, а Србија веќе ја определува локацијата за македонски културен центар во Белград.“- ги потенцираше премиерот Зоран Заев, односите помеѓу двете земји, во интервјуто за N1.

Потсети дека висок чин на пријателство и на солидарност која што ја покажал српскиот народ е донацијата со повеќе од 8.000 вакцини во период кога има и недостаток на вакцини насекаде светот, па дури и недоволно за Србија и српскиот народ.

„Отворивме „Оne stop shop“ или едно застанување, станица на границата меѓу С.Македонија и Србија, пред отворање е „One stop shop“ на границата со Албанија. Целта на ова е да биде „no stop, just go“ да нема воопшто застанување тоа веќе функционира во пракса. Пред потпишување се договорите за меѓусебно помагање во време на кризи, така што на располагање се ставаат сите едници кои меѓусебно ги имаме. Во постапка сме на признавање на дипломите на сите од целиот регион за да може да се вработуваат сите на ист начин како што тоа го правиме за своите граѓани. Да не зборувам за дополнителните закони кои се во постапка на менување, се со цел да ослободиме уште повеќе поголем проток на стоки на производи и на луѓе, прашајте ги компаниите, ќе ви кажат колку бенефит чуствуваат и досега поради овој процес посебно тие што тргуваат овде помеѓу Србија и С.Македонија и Албанија, а верувам дека допрва доаѓаат уште поголеми придобивки за граѓаните и економијата на трите земји а после тоа се надевам и на останатите земји од Западен Балкан.“- изјави премиерот Заев

Спонзорирано: