23.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев за N1: Балканот не е темпирана бомба, ни требаат држави без граници

„Прво, внатре во Р.Северна Македонија односите помеѓу Македонците и Албанците се одлични и би ги окарактеризирал како одлични. Со одлично меѓусебно рабзирање, со еднакви права и обврски, албанскиот јазик е втор службен јазик и се употребува секаде каде што Албанците се повеќе од 20% дури и во кореспонденцијата во одредени општини каде што се помалку од 20% заради правото на изјаснување на својот јазик, но се употребува во Општините каде што има повеќе од 20% и турскиот и српскиот јазик и јазиците на помалкубројните заедници. Утврдивме дека јазикот е средство за да се разбереме и навистина изградивме едно општество во кое што секој се чувствува еднаков и секако го негуваме тоа општество и ќе продолжиме да го негуваме.“- ги потенцираше добрите меѓуетнички односи во Северна Македонија, премиерот Зоран Заев во интервју за телевизијата N1.

Во неговата скица за иднината на Балканот нема место за спојување на држави, како на пример Косово и Албанија, туку тој сака Балкан со отворени граници, со слободен проток на сите, односно сите држави во регионот да бидат Европа.

„Европа во која што луѓето работат, соработуваат и комуницираат меѓу себе. Јас сум убеден дека ваквите идеи се малцински идеи односно на поединци и нема да имаат своја иднина затоа што верувам дека унапредувањето на соработката во нашиот регион, дел од нас тоа го викаме „Мини Шенген“, дел го викаме унапредување на регионалната соработка, под капата на Европа, мора да го развиваме Берлинскиот процес навистина дава една можност за одлична регионална соработка овде во регионот. Јас верувам дека Балканот повеќе не е темпирана бомба туку е европски Балкан, Балкан каде што се градат мостови на пријателство, каде што низ дијалог и разговор се наоѓаат решенијата и убеден сум дека и оние решенија кои што се уште не се најдени низ дијалог ќе се најдат, затоа што е добро за сите. Не е лесно да се постигне решение, јас поминав низ неколку тешки процеси, а тоа е Законот за употреба на јазиците во С.Македонија, поминав во постигнување на договор со Бугарија, Преспанскиот договор со Грција, се промени уставното име на државата и не е лесно, ова е навистина тешко, така што и Србија, Косово и другите земји имаат свој предизвик пред себе, но дефинитивно низ дијалог, низ дипломатија, низ пријателство може да се најдат решенија и за овие прашања.“- го надополни оптимизмот за иднината на регионот, премиерот Заев во интервјуто.