17.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев за N1: Лидерите во регионот сме исправени пред големи одлуки за иднината на Балканот

„Како политичар, но и ние како Влада но верувам и како народ прво ги почитуваме и сакаме соседните народи и низ една таква призма секогаш сме биле пријателски настроени и секако пријателски изразуваме голема почит према соседните народи и нивните раководства. Затоа што тоа се легитимно избрани раководства од нашите соседи и јас лично верувам дека постои капацитет, постои капацитет заради искуството на политичарите, можам да кажам дека со премиерот на Албанија, Еди Рама, но и со претседателот Александар Вучиќ, со премиерката Ана Брнабиќ градиме одлични релации на соработка за унапредување на секој можен аспект во духот на четирите европски слободи за соработка меѓу Србите, Македонците, Албанците овде во Балканот. Јас искрено се надевам дека и новиот, потенцијален премиер на Косово, Албин Курти ќе влезе во едни такви разговори затоа што придобивка имаат сите од тоа.“- анализираше премиерот Зоран Заев, во интервју за емисијата „Пресинг“ на телевизија N1.

Изрази оптимизам дека Србија и Косово ќе најдат заедничко решение, а Северна Македонија ќе го почитува нивниот договор. Колку побрзо се најде решение толку побрзо регионот ќе се европеизира.

„Убеден сум дека лидерите се исправени пред одговорноста да носат одлуки. И ќе носат одлуки, затоа велам, нашиот став е секое решение коешто носи траен мир на Балканот, коешто ја унапредува европската интеграција на целиот Балкан, ги гарантира правата и на Србите, и на Албанците, и на Македонците и на сите етнички заедници внатре, којшто гради пријателство, ќе биде поддржано од нас. Тоа што е најдобро за Србија и за Косово решавање на овој проблем за нас е секако најдобро затоа што ги поддржуваме и Белград и Приштина, а исто така и БиХ мора да најде решение во овој проблематичен Устав кој го има како уредување, за да може да одат уште побрзо со поголема динамика напред во нивната европејизација.“