Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаба магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и на места ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне со слаба магла, а во текот на денот променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во вторник и среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Пообилни врнежи се очекуваат во северните делови од земјата. Потоа следува период на стабилно и потопло време.