Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од блокади и да се престројат на страната на граѓаните, разбиена е фатаморганата на Мицкоски

– Со месеци Христијан Мицкоски живееше во фатаморгана дека станува премиер. Заради остварување на неговите хирови, тој и неколку негови соработници, со месеци ја лажеа јавноста дека има ново парламентарно мнозинство, дека Владата предводена од СДСМ само што не паднала, велат од СДСМ во соопштението лиферувано утрово до медиумите.

Мицкоски и неговите поддржувачи со месеци ги блокираат важните процеси за иднината на државата само за тој да си ја задржи фотелјата во белиот дворец. На крајот, се потврди дека сите лаги, сите блокади и опструкции се со една цел – спас на фотелјата на Мицкоски во белиот дворец. Внатрешните пресметки за превласт во белиот дворец Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ги прекршат врз грбот на граѓаните, соопштија од СДСМ.

Ако навистина се за интересите на граѓаните, а не за интерсите на Мицкоски пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба веднаш да престанат со деструкциите и да научат нешто од дебаклот што го доживеаја. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да се вразумат и конечно да се престројат на страната на граѓаните и државата. Со или без нивната поддршка, реформите во интерес на граѓаните продолжуваат, ќе продолжи и напредокот на државата, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Лишено од слобода лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци

ДЕСК

Кузеска: СДСМ има ветување до ВМРО – Сите ќе одговарате!

ДЕСК

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски заедно со Ковачки и Андоновски ќе присуствуваат на Конгресот на Европската народна партија, уште една потврда за цврстата определба за европска интеграција

ДЕСК