Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пукање во Љубанци – МВР ги соопшти деталите

Во СВР Скопје вчера во 23.30 часот било пријавено дека имало пукање со огнено 1 во с.Љубанци, скопско.

Полициски службеници излегле на местото и по преземените мерки било констатирано дека во наведеното време во с.Љубанци настанала расправија помеѓу А.С.(24) од с.Волково, скопско и М.С.(26) од с.Никиштане, скопско, од една страна и А.Ј.(20) од с.Љубанци и Ф.Д.(22) од с.Радишани, скопско, од друга, по што А.С. бил физички нападнат.

Според пријавеното, М.С. помислил дека и тој може да биде нападнат и испукал неколку куршуми во воздух и заминал од местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Филипче заедно со Пендаровски на денешната промоција на документарниот филм “Заробена вистина”

ДЕСК

ОД МИНУС ДО ПЛУС: Свежи утра и постепено затоплување преку ден

ДЕСК

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

ДЕСК