Изградете кариера во компании кои стимулираат талент, позитивни вредности и тимска работа. Различни типови на работни позиции од светот на компјутерските технологии каде нема само да се вработите, туку и ќе ја имате можноста да се надградувате себе си и да растете заедно со компаниите.
Quantox е компанија која се занимава со web development и it consulting. Во превод, компанијата постои за постојано да развива решенија кои одговараат на потребите на клиентите. Во овој тим единствено што може да ви се случи е да почнете да се стремите кон најдобрата верзија од себе си.
Имаат отворено 4 работни позиции, односно 2 места за платена пракса:
Семос Едукација ја има задачата да развива типови на курсеви за голем број корисници кои имаат различни нивоа на познавање на компјутерските технологии. Компанијата посветува особено внимание на сосработката со институциите и други компании за чии вработени организира наменски курсеви за подигнување на нивото на знаење компјутерски технологии.
Имаат отворено едно работно место, но доволно вредно да се погледне:
.NET DEVELOPER/JUNIOR .NET DEVELOPER/REACT JS DEVELOPER
ProtonMail се научници, инженери и развивачи кои ги собира заедничката визија за заштита на граѓанските слободи преку Интернет. Ова е причината зошто ја создале ProtonMail, лесна за употреба безбедна услуга за е-пошта со вградена енкрипција од крај до крај и најсовремени безбедносни карактеристики. Нивната цел е да изградат Интернет кој ја почитува приватноста и е безбеден од сајбер напади.
Имаат отворено 7 работни позиции:
VPN TECHNICAL SUPPORT SPECIALIST
WORDPRESS & STATIC WEBSITE DEVELOPER
Алокејт софтвер е водечки меѓународен снабдувач на решенија за работна сила во здравствените сектори, одбраната и поморските сектори. Со над 800 клиенти и еден милион вработени распоредени дневно, Алокејт им служи на најголемите јавни и приватни институции ширум светот преку поддршка на оперативните и административните потреби на професионалците низ сите здравствени установи. Најдобрите решенија на Алокејт овозможуваат испорака на безбедна и ефективна нега по оптимална цена, помагајќи им на здравствените организации да ги имаат вистинските луѓе на вистинското место во вистинско време.
Имаат отворено 2 работни позиции:
Можностите за кариера се пред вас, ваше е само да ја изберете својата насока.