22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Воведуваме системски пристап на грижа за луѓето кои живеат со ретка болест и го зголемуваме бројот на достапни лекови

Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев

Воведуваме системски пристап на грижа за луѓето кои живеат со ретка болест и го зголемуваме бројот на достапни лекови.
Политиките донесени во последните 4 години сосема го променија пристапот кон справување со ретките болести и грижата за пациентите:
✅ Зголемен е бројот на пациенти кои примаат терапија преку Фондот за здравствено осигурување;
✅ Го зголемивме буџетот за ретки болести. Во 2017 година тој изнесуваше 213 милиони денари, а во 2020 година е дуплиран и изнесуваше 527 милиони денари;
✅ Зголемен е и бројот на лекови и достапни терапии за многу дијагнози и групи на ретки болести кои претходно не беа достапни во нашата земја;
✅ За првпат е воспоставен електронски регистар на ретки болести;
✅ Околу 560 пациенти во регистарот за ретки болести се целосно покриени со соодветна и најсовремена терапија;
✅ Националната стратегија за ретки болести 2020-2030 дополнително ќе овозможи унапредување на законодавството според европските регулативи за лекови за ретки болести и унапредување на експертизата на медицинскиот персонал во Северна Македонија.
Во завршницата на месецот посветен на ретките болести и на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, Влада на Република Северна Македонија, Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë и јас како премиер, го даваме нашиот придонес и поддршката на нашите сограѓани кои се справуваат со ретки болести и на здруженијата кои им даваат гласност на овие наши сограѓани, пријатели и деца.