13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Судот соопшти: Јанкулоска осудена на 4 години затвор, Мијалков на 12

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков доби казна затвор од 12 години за предметот „Таргет-Тврдина“, што се однесува на масовното прислушување и уништување на опремата од (УБК).

Мијалков е обвинет дека сторил кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

Обвинетиот Горан Грујевски судот го осуди на единствена казна затвор во траење од 15 години.

Тони Јакимовски судот го осуди на казна затвор во траење од 6 години.

Никола Бошковски доби казна од 15 години.

Надица Николиќ осудена е на казна затвор во траење од 3 години.,

Обвинетиот Владимир Варелов доби условна осуда со казна затвор во траење во 2 години.

Маријан Шумуликовски осуден е на условна осуда со која утврдува единствена казна затвор од 2 години, но нема да се изврши доколку во 5 години не изврши ново кривично дело.

Силвана Златкова условна осуда со која 2 години затвор нема да се изврши доколку обвинетата во рок од 5 години не изврши ново кривично дело.

На Васил Исаковски судот му изрече условна осуда 2 години.

Пресудата ја изрече петчлениот судечкиот совет во состав Џенета Бектовиќ како прв судија, Владимир Туфегџиќ како втор судија и тројца поротници.

Судијата Туфегџиќ, во обрaзложението на пресудата рече дека масовноста на прислушувањето и самите жртви ја покажуваат потребата на самото прислушување, а тоа е да се воспостави целосна контрола на општествениот, економскиот и политички систем.

– Особена тежина на целото прислушување е уништувањето на опремата, по објавувањето на масовното прислушување. Опремата е уништена со умисла и со тоа се уништени доказите за делото, рече Туфегџиќ.

Оваа кривична постапка, нагласи, има големо значење за системот во целина и особено треба да служи како опомена за органите како УБК да не се повторат ваквите случувања во иднина.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувањето директно и индиректно опфатило околу 20 илјади граѓани.

Судењето за „Таргет – Тврдина “ започна на 22 декември 2017 година. Застапници на обвинението се Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов.

Спонзорирано: