Centar.mk
БИЗНИС

Добра вест: Просечната плата во декември пораснала за 5,4 проценти во однос на претходната година и покрај ковид кризата

На самиот крај на 2020 година, просечната плата, според Државниот завод за статистика, изнесувала 28.294 денари (нето износ), односно пораснала за 54 отсто.

Најзначајни зголемувања на платата биле забележани во областа на информации и комуникации, рударство, вадење на камен и здравствени и дејности од социјална заштита, но и финансиски дејности и осигурување.

Со тоа, просечната бруто-плата изнесувала 42.227 денари по вработен во декември 2020 година. Според овие податоци, индексот на просечна нето-плата споредено меѓу декември 2019 и декември 2020, изнесува 105,7, се вели во соопштението на ДЗС.

Меѓутоа, најниската просечна нето-плата изнесувала 20.264 денари, од секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна, што до одреден степен е и разбирливо, со оглед на законските мерки на претпазливост, за спречување на ширењето на заразата со коронавирус. Сосема очекувано, најпрофитабилна дејност е компјутерското програмирање, додека најниски административните и услужните дејности.

Можеби ќе ве интересира

СИНДИКАТИТЕ ЌЕ ПОВИКААТ НА ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ: Минимална плата од 600 евра или работниците ќе се излеат по улиците

ДЕСК

УЈП со важно појаснување до граѓаните кои добија покани да платат данок за заработка во странство – досега засегнати десетина илјади граѓани за приходи од 2020-та година

ДЕСК

Секој петти граѓанин во земјата е сиромашен

C +