18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шилегов: Со новиот лик на кејот „13 ноември“ докажуваме дека на шеталиштето има место за сите

„На кејот нема простор за непрописно паркирани возила, за прометна улица со многу возила, а малку пешаци и велосипедисти, пропаднати плочници, хаос од рекламни објекти, жардиниери, огради, платформи и слично“ – пишува градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, во објавената колумна во „Слободен печат“ – „Кејот убав пак ќе никне – една поинаква скопска приказна“.

Шилегов со гордост изјавува дека целосната реконструкција на кејот е започната со што овој градски симбол ќе добие нов лик: „Со новиот лик на кејот докажуваме дека на шеталиштето има место за сите и дека е можен соживот на сите учесници во животот крај Вардар. Кејот мора да биде слободен за сите. И за постарите, и за помладите, и за сеирџиите и за вљубените, и за кафеанџиите и за муштериите, и за велосипедистите и за шетачите“.

„На кејот сите треба да се чувствуваме безбедно и пријатно. Да уживаме во глетката и во целата таа хармонија создадена од луѓето за луѓето. Симболот на слободата – Кејот „13 ноември“ мора повторно да биде ослободен. Кејот убав пак ќе никне – како сведоштво за една поинаква скопска приказна на преживувањето, оживувањето, хуманоста и животот“, поентира градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во колумната.