Интегрално ја пренесуваме прес-конференцијата на Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ:
Никаде во светот не постои политичка партија која толку многу работи против сопствената држава, против своите граѓаните, како што тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ предводена од очајникот и докажан губтиник Христијан Мицкоски.
Со 2.000 амандмани пратеничката група од ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски се обидува да го блокира Законот за нов Клинички центар.
ВМРО-ДПМНЕ застана против изградба на нов функционален Клинички центар во Скопје, на предвдена локација во Ѓорче Петров.
Ова е дрско, неодговрно и безобразно однесување на ВМРО-ДПМНЕ срамно кон сопствената држава, кон сопствените граѓани и кон јавното здравство.
11 години ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека ќе изградат нов Клинички центар, а единствен паметник на тие лаги беа само лимени тараби на една парцела во комплексот клиники.
Денес, како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ се противи на изградба на нов модерен клинички центар што Скопје и државата ќе го добијат за првпат по цели 80 години.
Исто вака деструктивно се однесуваа и за време на целата криза со коронавирусот. Лажеа дека нема доволно тестови, ги кршеа мерките за заштита, го поткопуваа здравствениот систем, се противеа на антикризните мерки.
Како одговорни пратеници, како парламентарно мнозинство нема да дозволиме овие блокади да ја спречат изградбата на нов Клинички центар.
Да нема дилеми, ниту во јавноста, ниту кај Мицкоски. Деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ одново ќе бидат поразени, државата ќе добие нов Клинички центар кој ќе пружа интегрирани здравствени услуги.
Линк до видео: https://youtu.be/8eKA5VAO9Rw