Владо Мисајловски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за медиумите рече дека целта на законот за лични карти не е ништо друго, освен пазар помеѓу СДСМ и Беса. Мисајловски истакна дека очигледно е оти Зоран Заев не сака да помине овој закон бидејќи, ако сакал, одамна тој ќе поминел со европско знаменце.
Мисајловски дополни дека за ВМРО-ДПМНЕ нема ништо спорно во личните карти да стои Македонец.
„Да, точно така, јас го слушнав ова од господинот Зоран Заев бидејќи беше, да кажам, од една страна, и принуден ова да го каже зашто јас уште пред неколку дена имав едно гостување на една телевизија, каде што кажав дела целта на овој закон не е ништо друго, освен еден пазар помеѓу Беса, еден пазар помеѓу СДСМ и коалицијата и еден пазар каде што јавноста треба да види дека нешто се прави, а во заднина, односно не сакаат ништо да се направи. Зоран Заев не сака овој закон да помине уште од првиот ден и правеа манипулација бидејќи некој збоуваше дека ВМРО-ДПМНЕ била за да стои Македонец, па тоа било спорно. Не е спорно да стои Македонец во личните карти бидејќи ние се чувствуваме горди ако стои Македонец. Проблемот во целата работа е што треба да се испорача едно ветување кон Беса, кое е дадено во предизборната кампања, а потоа договор, каде што формираа Влада“, појасни Мисајловски.
Тој потенцира дека повеќе од јасно е дека Владата е на стаклени нозе и дека Заев сам влегол во стапица – ветувал нешто што сега не може да го испорача.
„Гледаат дека сега оваа Влада е на стаклени нозе и се обидуваат на кој било начин да манипулираат, би рекол баш вака, со одредени партии, поконкретно со Беса, каде што може да видиме дека изгледа немаат договор за ова прашање. Затоа се обидуваа на кој било начин да направат перцепција во јавноста дека се работи за нешто друго, дека овој закон е закочен од друга политичка партија, но изгледа самите не сакаат да помине и тоа се случи. Ако имаат чесна намера, јас спомнав пред некое време, тие овој закон ќе го пуштеа со европско знаменце и ќе имаше два дена расправа и ќе помине. Затоа, од друга страна, слушаме пак, и продолжените раце на Зоран Заев од нивните аналитичари и политичари, како што е еден од нив претседателот на држава, кажува аргументи зошто не требало да помине овој закон и на сите целта им е јасна дека Зоран Заев сам си направи стапица, каде што не може да го помине овој закон, но, за жал или за среќа, остана манипулирана партијата Беса, каде што ќе видиме што ќе се случува“, заврши Мисајловски.