Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Две велешанки спречиле вооружени разбојници да ограбат трафика

Велешкото Основно јавно обвинителство поведе истражна постапка против две лица што се обиделе да сторат кривично дело разбојништво, но во тоа биле спречени од страна на две жени.

Како што информираат од Обвинителството, во вечерните часови на 13 февруари осомничените како соизвршители се обиделе да извршат грабеж во трафика на улицата Благој Ѓорев во Велес.

Притоа на две жени што се наоѓале во трафиката им се заканиле со пиштол и се обиделе да ја отворат касата. Но, во тој момент едната жена почнала да вика барајќи помош од полиција, додека другата се борела со двајцата разбојници.

Кога не успеале да ја отворат фиоката, осомничените избегале без да ја реализираат својата намера.

Основниот суд во Велес го прифатил предлогот на јавниот обвинител и на двајцата осомничени им определил притвор во траење од 30 дена.​​

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК