Имајќи го предвид фактот што грејната сезона е веќе започната, а зимските температури паѓаат значително под нулата, секој еден од нас размислува како до најефикасното загревање во овој период, а тоа може да се постигне преку купување на најефикасните грејни тела, од кои најдобра опција се секако познатите инвертер клими кои нудат извонредно решение за вашиот дом!
Доколку во изминатиот период размислувавте за купување на инвертер клими, но притоа, не бевте сигурни што точно нудат овие клима уреди и која е предноста од нивната употреба, сега ќе можете да создадете подобра слика за нивната ефикасност, и да дознаете што точно овие уреди нудат за Вас и Вашиот дом!
Која е разликата помеѓу инвертер клими и стандардни клима уреди?
Добро е познато дека инвертер климите имаат доста повисока цена од стандардните клима уреди, меѓутоа нивните предности се потврдени од многумина. Според тоа, ајде најпрвин да започнаме со објаснување како функционираат стандардните клима уреди кои досега беа доста популарна опција за илјадници потрошувачи кои имаат потреба од загревање или ладење на својот дом, а потоа ќе укажеме на предноста од употребата на новите, инвертер клима уреди.
Технологија
Разлика во потрошувачката на електрична енергија?
Стандардните клима уреди поседуваат компресор со фиксен вграден мотор кој што работи на фиксни нивоа, а целта е термостатот да се исклучува или вклучува се додека климата не ја постигне температурата за која што сметате дека е идеална за вашиот дом.
Тоа значи дека просечниот стандарден клима уред константно ќе троши иста количина на енергија, што значи и зголемена потрошувачка на струја а со тоа и повисоки трошоци на сметките кои треба да ги платите за загревање/ладење на крајот од месецот.
Но, ова не е случајот со инвертер климата која што има далеку понапредна технологија која што се базира на компресор со вграден мотор кој што работи на променливи брзини наместо на фиксни.
Имено, оваа технологија прави клима уредот да не работи под полна “пареа”, и да троши иста количина на електрична енергија, бидејќи штом се постигне посакуваната температура, така се намалуваат и вртежите и климата престанува со работа.
Разлика бр.1: Заштеда на електрична енергија!
Звук
Она по кое што се познати сите инвертер клими е нивното тивко работење кое што Ви овозможува да си ги извршувате Вашите работни обврски дома или во канцеларија – концентрирани, но и да одмарате без притоа вашиот мир да биде нарушен од непријатниот звук, што воедно и е една од главните причини за популарноста на овие клима уреди.
За ваша информација, денешните инвертер клими се способни да обезбедат тивко работење во надворешни услови од околу 3 децибели што е пониско дури и од шумот на лисјата кое се движи од околу 30 децибели, просечната бучава во домовите која изнесува 40 децибели, а тоа значи дека вашите комшии нема да воопшто да забележат дека имате прикачено инвертер клима.
Разлика бр.2: Потивко работење
Цена
Кога станува збор за цената, стандардните клима уреди се далеку поевтини а тоа е и главната причина поради која се и најзастапени на македонскиот пазар, како во домовите така и во деловните простории.
Но, кога ќе направите споредба со трошоците кои што би ги платиле за електрична енергија, на долг рок бидете сигурни дека тоа нема да Ви се исплати, па така, купувањето на инвертер клими е повеќе од одличен избор. Дополнително, размислете и за купување на половни инвертер клими, на тој начин би можеле да заштедите многу, а да добиете клима со ист квалитет.
Разлика бр.3: Повисока цена која на долг рок, поради заштедата на електрична енергија всушност е поволна за Вашиот буџет
На што треба да внимавате при купување на инвертер клими?
- Бренд – секогаш приоритизирајте купување на инвертер клими кои што се произведени од познати брендови како што се Panasonic, LG, Samsung, Daikin, Beko и сл., бидејќи тие се докажани на пазарот по производството на клима уреди и останати електронски уреди.
Па така, шансите за да одберете модел кој што нема да Ви ги понуди посакуваните резултати се далеку помали од оние инвертер клими чиј производители се нови на пазарот, и треба да се докажат.
- Големина на простор и моќност – на пазарот во Македонија постојат различни модели на инвертер клими, но не секој модел би бил доволно моќен за да Ви обезбеди греење или ладење онакво какво што му е потребно на вашиот дом.
Затоа, прочитајте пред да купите или пак разговарајте со продавачот кој што ќе Ви помогне да одберете модел кој би бил идеален за квадратурата на собата или пак на целокупниот простор во вашите живеалишта.
- Заштеда на електрична енергија – иако инвертер климите се познати по нивната мала потрошувачка, сепак, наш совет би бил да одбирате модели кои имаат EnergyStar назнака или EER рејтинг, бидејќи колку што е повисок рејтингот, толку моделот повеќе ќе заштеди при работењето.
- Енергетска класа – генерално, климите се делат на 9 категории според стандардите на ЕУ, почнувајќи од А па се до G, со некои поткатегории како што се A+, A++, A+++, а познавањето на овие назнаки ќе Ви помогне да одберете фантастични модели кои на најдобар начин би ги намалиле трошоците за електрична енергија
Имено, оние со назнака “A” се најекономични, а секоја подгрупа е се помалку економична, па така, оние електрични апарати или клима уреди кои имаат назнака “G” воопшто не се економични.
Имајќи го предвид ова, најдобро би било да ги одбирате моделите од А класата.
Совети за грижа на Вашите инвертер клими
Откако ќе купите инвертер клима, потребно е правилно и навремено да се погрижите за нивно одржување, бидејќи со тоа, Вие ќе го зголемите нивниот квалитет при работењето на долг рок.
Најпрво, ангажирајте професионалец кој што ќе го монтира вашиот клима уред на начин кој што е исправен, наместо уште од самиот почеток старт тоа да го сторите Вие, а со тоа и да ги зголемите ризиците за непосакувани сценарија.
Втората работа која што треба да ја имате на ум е редовното сервисирање, навремено менување на филтрите, навременото чистење итн, бидејќи овие работи ќе овозможат да се зголеми нивото на ефикасно работење на уредот и после периодот на гаранција.
Доколку забележите некакви неправилности во работата на клима уредот, во истиот момент контактирајте овластени сервисери или доколку се работи за сериозен проблем, заменете го производот со нов во продажните места од кај што сте го купиле.
Се надеваме дека досегашните информации Ви беа од корист, и дека сега имате далеку подобра претстава за бенефитите кои што ги нуди поседувањето на инвертер клими, па оставаме на Вас да одлучите дали ќе ги замените вашите досегашни, стандардни клими со нови инвертер клими кои се познати по нивната одлична и економична работа!
ПР текст