Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ може да глуми слепило, градот се менува

Во гостувањето на Сител, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов се осврна и на критиките од страна на ВМРО-ДПМНЕ, дека „градоначалникот треба да гради нови улици, нови булевари“.

„Јас ќе ве потсетам, „Булевар АСНОМ“ е завршен, „Пластичарска“ или „Никола Карев“ е завршен, „Босна и Херцеговина“ е завршен, „Христијан Тодоровски Карпош“ е завршен, зборувам за булевари, не за улици. Мостот на „АСНОМ“ ќе биде готов до јуни месец, значи ВМРО може да глуми слепило, градот се менува, градот добива на нов квалитет, градот се движи се подобро и подобро, и во инфраструктурна и во урбанистичка смисла на зборот.“ – изјави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, на гостувањето во централните вести на ТВ Сител во 19 часот.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ со 161 амандман само за општините – за градинки, водоводи, локални патишта и домови за стари лица

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 70 КМ/Ч ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Денеска до 24 степени, вечерва локален дожд

ДЕСК

ЗИМСКАТА ОПРЕМА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА – Правилото важи и кога времето е топло

ДЕСК