Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Средба Заев-Ќучук: Билатералните односи да се решаваат посебно од европската рамка

Премиерот Зоран Заев, се сретна со Илхан Ќучук, европратеник и известувач за Република Северна Македонија во Европскиот парламент. На состанокот е изразена поддршка за европските перспективи на нашата држава. Констатирано е дека билатералните односи треба да се решаваат посебно меѓу државите и не треба да бидат дел од европската преговарачка рамка. Воедно е изразена заедничка согласност дека е потребно нашата држава да продолжи по реформскиот пат.

„Целосно сме фокусирани на реформите, со најголем фокус на правосудството, каде започна практичната имплементација на донесените законски решенија. За нас нема алтернатива за членството во Европската унија. Низ политиките на разбирање и дијалог ќе продолжиме да работиме, со цел придонес во добрососедските односи и не само затоа што тоа е важно за европскиот начин на однесување, туку и поради потребата од пријателските односи помеѓу соседските држави“, рече премиерот Заев.

На средбата е оценето дека европскиот наратив, во духот на пријателството, поттикнува конструктивност и води кон добри односи и помеѓу државите и народите во нив.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Стар рецепт на Груевци, кога не оди објави анкета, туку што вели анкетата за бомбите?

ДЕСК

Паника на паркинг во Карпош: Закана со остар предмет по расправија за паркинг место!

ДЕСК

Инцидент во двор на куќа во Скопје: Жена нападната со тврди предмети од малолетници

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.