Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

„Лидл“ се регистрира во Македонија- ќе го водат Бугари

Еден од најголемите компании во малопродажбата во светот, германскиот „Лидл“ ја регистрираше својата компанија во Македонија, а ќе биде управувана од бугарската филијала, пренесува „Фактор“.

Централниот регистар вчера објави дека германскиот трговски синџир во петокот ја регистрираше подружницата Лидл Северна Македонија Дооел со седиште во скопски Центар и со паричен влог од 500.000 евра.

„Сопственик е германската матична компанија ВЕ-Интернационал Цвајте ГмбХ од Некарзулм, но субјектот специјализиран за трговија на мало претежно со храна, пијалаци и тутун ќе биде управуван од Софија, од бизнисмените Милена Емилова Драгијска, Бисер Борисов Инчовски и Љубомир Манолов Хрсев. Според описот на нивните надлежности и ограничувања, „Лидл“ планира да вложи над 10 милиони евра во продавница и да купи земјиште поголемо од 10.000 квадратни метри“ пишува Фактор.

Можеби ќе ве интересира

МОЖЕ ЛИ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗАГРОЗИ БЕЗБЕДНОСТА НА БАНКИТЕ?

ДЕСК

ЦРНИОТ ПЕТОК ГИ НАПОЛНИ АМЕРИКАНСКИТЕ ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ

ДЕСК

АВИОКОМПАНИЈАТА ВЛЕЗЕ ВО СТЕЧАЈ – Што ќе се случи со парите на патниците?

ДЕСК