Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

„Лидл“ се регистрира во Македонија- ќе го водат Бугари

Еден од најголемите компании во малопродажбата во светот, германскиот „Лидл“ ја регистрираше својата компанија во Македонија, а ќе биде управувана од бугарската филијала, пренесува „Фактор“.

Централниот регистар вчера објави дека германскиот трговски синџир во петокот ја регистрираше подружницата Лидл Северна Македонија Дооел со седиште во скопски Центар и со паричен влог од 500.000 евра.

„Сопственик е германската матична компанија ВЕ-Интернационал Цвајте ГмбХ од Некарзулм, но субјектот специјализиран за трговија на мало претежно со храна, пијалаци и тутун ќе биде управуван од Софија, од бизнисмените Милена Емилова Драгијска, Бисер Борисов Инчовски и Љубомир Манолов Хрсев. Според описот на нивните надлежности и ограничувања, „Лидл“ планира да вложи над 10 милиони евра во продавница и да купи земјиште поголемо од 10.000 квадратни метри“ пишува Фактор.

Можеби ќе ве интересира

ОКТА го зголемува попустот за дизел на 3 денари по литар и ја продолжува мерката до 6 април

C +

Познато е кога ќе бидат исплатени покачените пензии на пензионерите

ДЕСК

Народната банка: Предлозите за вицегувернери се доставени, изборот е во надлежност на Собранието

ДЕСК